Шпанските медиуми се шокирани од безбедносните сили кои се присутни во Белград во очекување на третиот натпревар од четвртфиналето во Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид.
Партизан има предност од 2-0 во серијата, а поради инцидентот на вториот меч јасно е дека Партизан и Србија даваат максимален ангажман за мирно одигрување на дуелите во „Штарк арена“ каде пред почетокот не денешниот натпревар има огромни полициски сили.
„Војската на Србија е подготвена за војна. Вака се подготвуваат за кошаркарски натпревар“ – пренесуваат дел од шпанските новинари присутни во Белград.
Натпреварот меѓу Партизан и Реал Мадрид почнува од 20:30 часот во „Штарк арената“ во Белград.
🪖🇷🇸 El ejército de Serbia, listo para la ‘guerra’
😱 Tremenda imagen de @marcosbenito9. Así se preparan para un partido de baloncesto.
😮A algo más de tres horas para el Partizan-Real Madrid. pic.twitter.com/MURaIbpgC2
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА