Ненад Димитријевиќ имаше одлична партија во рускиот плеј-оф. Во решавачкиот седми натпревар неговиот Уникс се пласираше во финалето, и ќе се бори за титула против Локомотив Кубан, кој вчера го елиминираше Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА.
Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар во победата од 80-79 над Зенит, а тој во финишот ги постигна поените за израмнување (79-79), по што следуваше загубена топка од гостинот, по што со едно реализирано слободно фрлање дојдоа до минимална победа.
Македонецот постигна 24 поени вкупно, од кои 18 во последните четири минути кога самиот го направи пресвртот и ја донесе победата на својот тим кој ќе се бори за трофеј во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА