„Брејк“ на Лејкерс против Голден Стејт на стартот, Њујорк израмни против Мајами

Кошаркарите на ЛА Лејкерс направија „брејк“ против Голден Стејт во првиот меѓусебен натпревар во полуфиналната серија во Западната конференција на НБА Лигата. „Езерџиите“ славеа на крајот со 117-112. Голден Стејт беше единствен тим кој остана во плеј-офот кој избори пласман во следната фаза преку „мајсторка“, па можеби уморот е причината за поразот.

После „егалот“ во големиот дел од првиот дел, клучната предност Лејкерс ја направија во третиот период. Тогаш Леброн и соиграчите резултатски сериозно се одлепија од противникот. Уште една серија гостите имаа и во четвртатата четвртина, кога после поените на Џејмс и на Дејвис, беше +10, но тројките на Томсон и Пол, и поените на Кари го вратија Вориорс во живот, а гостинските играчи беа без поен речиси 5 минути.

Но, потоа пад на Голден Стејт и два нерелизирани напади. Се играше последната минута, а Лејкерси имаа три поени предност и напад, па го „затворија“ мечот. Дејвис постигна 30 поени, 23 скока и четири блокади, додека Леброн Џејмс додаде 22 поени.

Њујорк спречи двоен брејк на Мајами и го добија вториот дуел со 111-105, израмнувајќи во серијата на 1-1. Клученб беше Џален Брансон кој одигра одличен меч и уфрли 30 поени. Мајами играше без Џими Батлер кој се повреди во првиот меч, но и без него Мајами долго време беше во игра за победа во вториот меч.

Се вчитува...