Се појави снимка од бруталното претепување на Швед

Рускиот кошаркар Алексеј Швед кој настапува за ЦСКА Москва на нашиот Емил Рајковиќ беше брутално претепан пред ресторан во Москва од страна на хулигани. И покрај тоа што не се познати деталите, гласините говорат дека до инцидентот дошло по расправа со навиачите за незадоволството од елиминацијата во полуфиналето од ВТБ лигата.

Швед во нападот се здобил со тешки повреди на главата откако паднал на работ на улицата. Тој е префрлен во болница со скршеица на слепоочница и се наоѓа во стабилна состојба. На социјалните мрежи сега се појави снимка од нападот.

Се вчитува...