Перез и Анчелоти се договорија: Реал ќе донесе квартет од 300 милиони евра!

Шпански „АС“ ја објави листата на играчи кои Реал Мадрид планира да ги доведе како засилувања во летниот преоден рок.

Прва и најголема желба е доведување на Белингам од Борусија Дортмунд. Преговорите со 19-годишниот фудбалер траат веќе подолго врема, а младиот Англичанец веќе кажа „Да“ на „кралскиот клуб“.

Второто засилување во средниот ред треба да биде 20-годишниот Габри Веига кој експлодираше оваа сезона во дресот на Селта Виго. Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра.

Карло Анчелоти, пак, сам призна дека Бензема влегува во сериозни години и доведување „деветка“ ќе биде еден од приоритетите. Одлучено е да се доведе Хари Кејн или Душан Влаховиќ.

Влаховиќ одлично котира, а „Старата дама“ е подготвена да го пушти за сума меѓу 70 и 80 милиони евра. И Кејн е на излезна врата од Тотенхем. Договорот му истекува во 2024 година, па ова е една од последните шанси клубот од Лондон да заработи на него. Според наводите на „Тајм“ би бил ослободен за сума од 100 милиони евра.

Реал планира доведување и квалитетен десен бек, а изборот падна на фудбалерот на Челси, Рис Џејмс.

Се вчитува...