Ќерка на познат српски одбојкар меѓу жртвите во Белград

Страшни вести од Белград денеска ја потресоа јавноста, откако едно 14-годишно дете влегло во училиштето што го посетувало и почнало да пука по соучениците, наставниците, убивајќи го и чуварот на влезот од училиштето.

Досегашниот биланс од нападот е девет починати лица, од кои осум деца, додека шест деца и еден наставник се наоѓаат на лекување во клиниката во Белград по прострелните рани со кои се здобиле.

Меѓу починатите во оваа голема трагедија се наоѓа и ќерката на прославениот српски одбојкар, Драган Кобиљски. Станува збор за одбојкар кој како играч со успех настапуваше за Партизан, како тренер ги водеше Црвена Звезда и Раднички Крагујевац, додека моментно работи како тренер во Романија, но семејството му остана во Белград.

Неговата ќерка не го преживеала страшниот напад и е една од осумте млади жртви на овој монструозен напад. Во истото училиште за време на нападот се наоѓала и ќерката на кошаркарот Душко Савановиќ, но тој во изјава за српските медиуми потврди дека таа е неповредена во страшниот настан.

Се вчитува...