Партизан ќе биде дополнително ослабен за претстојниот меч со Реал Мадрид откако беше обелоденето дека повредата на Алекса Аврамовиќ е од посериозна природа.
Српскиот плејмејкер настрада при еден дуел со Валтер Таварес и повеќе не се врати на теренот, а деталните прегледи покажале дека станува збор за скршеница на дланката. Ова значи дека не само што Аврамовиќ нема да биде во комбинација до крајот на четвртфиналната серија со Реал Мадрид, туку нема да му биде на располагање на тренерот Обрадовиќ до крајот на сезонава.
За потсетување, во однос на третиот натпревар Обрадовиќ утре вечер повторно на располагање ќе го има Матијас Лесор, додека Кевин Пантер ќе го одлежи и вториот меч од суспензијата што му беше изречена по тепачката на дуелот во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА