Ирски фудбалер искрено ја отвори душата: Го допрев дното на роденденот на ќерка ми

Приказната на ирскиот голман Тревор Карсон е навистина тажна. Тој во интервју за Би-Би-Си, говореше за  својата зависност од коцкање, но и како успеал да се спаси од овој порок.

Во кариерата тој играше за Сандерленд, Хал Сити и Честерсфилд, а моментално е член на шкотскиот Сент Мирен. Има седум настапи и за репрезентацијата на Северна Ирска.

Иако поминаа осум години откако фудбалерот се ослободи од тешката зависност, сепак се уште размислува за тој тежок период.

Тој призна дека не се контролирал себеси до тој степен што можел да изгуби голема сума на пари во една вечер.

Како што призна тој неколку месеци пред роденденот на ќерка му на сметката имал огромна сума на пари, но на роденденот му останале само 200 фунти.

„Беше роденден на мојата ќерка. Имав доволно да не одведам во Њукасл, да ја изнесам на убав оброк и да и купам убав подарок, но во мојот начин на размислување мислев дека можам да ги претворам тие 200 фунти во нешто повеќе…“, изјави Карсон.

Неколку моменти подоцна ги изгубил преостанатите пари и тоа била пресвртницата. Сфатил дека повеќе нема смисла и дека е време да почне да живее нормално. Посетувал психијатар и успеал да се извлече од сите проблеми.

Се вчитува...