Кошаркарите на Олимпијакос ќе имаат меч топка на гостински терен против Фенербахче, откако вечерва успеаја да победат со 71-72 и да поведат со 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа позитива од пет поени (21-16). Гостите од Грција одиграа неверојатно во вториот период во кој направија целосен пресврти и на пауза заминаа со предност од 35-38.
Избраниците на Итудис одиграа неверојатно во третиот период во кој на противникот му дозволија само седум поени, па во последната четвртина влегоа со предност од 51-45.
Олимпијакос повторно успеа да се врати во игра и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Олимпијакос направи серија од 13-0 и во последните две минути мечот влезе во егал 66-66. Следуваше тројка на Калатес која ги врати домаќините во водство 69-66. Следеше тројка на Везенков со која гостите на минута до крај повторно стигнаа до израмнување 69-69. Откако следуваа грешки и на двете страни, Гудуриќ зема се во свои раце и успеа на четири секунди до крајот да донесе ново водство за домаќините 71-69. Сепак, на крајот се прашуваше Слукас за се кој со тројка со звукот на сирената донесе победа за гостите од 71-72.
Дорси со 21 поен беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Дорси заврши со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА