Мурињо повторно „експлодираше“ кон судиите: Тој е најлош кој сум го видел во кариерата… Грозно! (ВИДЕО)

Рома загуби важни бодови во борбата за Лигата на шампионите ремизирајќи со Монца (1-1). По мечот Жозе Мурињо искажа огромно незадоволство од судиските одлуки.

„Специјалниот“ повторно „експлодираше“, овој пат на судијата Даниеле Кифи, за кого рече дека е најлошиот судија кој го видел во својата кариера.

„Ова е дефинитивно најлошиот судија со кој сум се сретнал во кариерата. Верувајте дека е така, а сум видел многу, многу лоши судии“ – рече Мурињо, и дополни:

„Обично кога зборувам за судиите, тоа е само затоа што имале директно влијание на мечот. Во овој случај не е така. Тој едноставно е очаен, нема емпатија ниту сака да сослуша некого. Му даде црвен картон на играч кој се лизна затоа што загуби сила во 96. минута. Има судиите кои велат ‘не го сакаме овој судија’ и желбите им се ислушуваат. Рома тоа не може да си го дозволи. Грозно“.

Се вчитува...