Ерлинг Халанд со најновиот гол во победата на Манчестер сити од 2-0 против Вест Хем постави нов апсолутен рекорд на Премиерлигата, со 35 гола надминувајќи ги Енди Кол и Алан Ширер.
По победата Пеп Гвардиола ги собра своите играчи и персоналот од клубот и од стручниот штаб да формираат почесен шпалир за да го одбележат успехот на младата ѕвезда.
„Беше убаво чувство да се постигне тој гол, но беше болно кога ме маваа по грб низ шпалирот. Сега сакам да одморам, да одам дома, да играм видеоигри и добро да се одморам… Од утре мора да размислувам за Лидс“ – низ смеа истакна по мечот Халанд.
Но, сите тие случувања по мечот наидоа на потсмев во фудбалска Европа и кај навивачите на останатите клубови.
„Зарем тоа беше последен натпревар на Халанд или што? Пресмешно…“, „Сето тоа покажува дека Сити е мал клуб и не е навикнат на такви малку поголеми нешта како што се лични рекорди на играчи…“, „А немаат навивачи кои ги ценат. Тие прославуваа со шпалир, а нивните навивачи сите веќе го напуштија стадионот“ – беа дел од коментарите на навивачите на останатите премиерлигашки клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

