„Марка“: Модриќ едвај се движи, српската чудотворка овој пат не успеа!

Лука Модриќ навидум експрено брзо се врати по повредата на мускулот на препоните по само десет дена како би ги играл двата најважни натпревари за Реал сезонава, финалето од шпанскиот Куп против Осасуна за два дена како и првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер сити за пет дена.

Тоа брзо опоравување и се припишуваше на Маријана Ковачевиќ, славната белградска лекарска кај која Модриќ беше на третмани минатиот викенд.

Кај Маријана Ковачевиќ во Белград доаѓале и Робин Ван Перси, Диего Коста и Алексис Санчез, а соработувала и со Кристијано Роналдо. Оваа година беше во фокусот и поради тоа што се најде во тимот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Но, „Марка“ пишува дека овој пат српската чудотворка не успеала. Шпанските медиуми се собраа на тренингот на Реал да го видат тоа неверојатно брзо опоравување на Модриќ. Но се разочарале…

„Модриќ има се помалку шанси да игра во финалето на купот. Едвај се движи, едвај учествуваше на тренингот по поразот од Реал Сосиедад. Финалето од Купот е за само два дена, а настапот на Модриќ е под знак прашалник. Ако Модриќ не игра во финалето, целта ќе биде да се опорави до полуфиналето во ЛШ. Но, искрено, тешко дека Хрватот ќе игра на така важни натпревари а на само неколку денови пред нив на тренинзите едвај се движи“ – пишува „Марка“.

Се вчитува...