Мега проектот на богатите газди на ПСЖ со Лео Меси и Нејмар не вроди плод па Аргентинецот и Бразилецот се наоѓаат на излезните врати на „Паркот на Принцовите“. За улогите на поранешните соиграчи од Барселона не се задоволни ниту навивачите на францускиот клуб кои во последно време ги навредуваа ѕвездите, дополнително намалувајќи ја можноста за нова сезона заедно.
За Меси постојат две реални опции – камбек во Барселона или пак заминување кај Роналдо во Саудиска Арабија, додека Нејмар конечно би можел да заврши на „Островот“.
За неговите услуги заинтересиран е Манчестер Јунајтед, а доколку се остварат гласините за превземање на клубот од страна од шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тахи веројатноста за трансфер ќе биде уште поголема. Катарецот е голем фан на Бразилецот и тој ќе биде првиот трансфер во „новата ера“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

