Роналдињо удри по навивачите на ПСЖ: „Му свирите и го навредувате Меси!?“

Лионел Меси доживеа поприлично понижување во Париз. Постојано е мета на навивачите на ПСЖ, кои го исвиркуваа на претходните натпревари, а клубот на крај го казни поради патот во Саудиска Арабија, па сосема е јасно дека неговото време во клубот е завршено.

Во заштита на Меси застана легендарниот Роналдињо…

„Никогаш нема да ги разберам свирежите и навредите за Лионел Меси. Ако му свирите на најдобриот фудбалер на светот, па на кого тогаш ќе аплаудирате?“ – се прашува Роналдињо.

Бразилецот е навистина популарен во ПСЖ уште од времето кога играше за овој тим пред заминувањето на „Камп Ноу“. Од 2001 до 2003 година во 77 натпревари постигна 25 гола за ПСЖ, но остана без трофеј.

Меси, пак, својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Ал Хилал во Саудиска Арабија. За него ќе следи веројатно најголемиот договор во историјата. Англиски „Телеграф“ тврди дека Меси во Ал Хилал ќе биде најплатениот фудбалер во историјата со годишна плата од 360 милиони евра.

Се вчитува...