Најпознатиот дебелко ги полни мрежите и во 49 година: Се сеќавате ли на Аилтон?

Поранешниот бразилски фудбалер Аилтон кој најблескавите партии во кариерата ги имаше во германскиот Вердер Бремен каде успеа да го симне од тронот големиот Баерн Минхен и во 49-година од животот се уште ги полни мрежите на противниците.

Тој во моментов го носи дресот на германскиот нисколигаш Басум, а викендов во ремито на неговиот тим 2-2 постигна феноменален гол.

Покрај за Вердер тој во кариерата играше и за Шалке 04, Хамбургер, Бешикташ, Грасхоперс, Дуизбург, Црвена Звезда…

 

Се вчитува...