КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар против Алкалоид, Еурофарм Пелистер помина најдобро

Актуелниот шампион во купот на Македонија, Вардар во полуфиналето на годинашниот Ф4 турнир ќе се сретне со РК Алкалоид одлучи денешната ждрепка која се одржа во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

Овие два тима веќе одиграа неколку интересни средби годинава, а Алкалоид му ги уништи плановите за лесна нова титула на Вардар во Суперлигата, откако во трилер меч славеше во Автокоманда.

Еурофарм Пелистер имаше среќа на ждрепката и во полуфиналето за противник го добија аутсајдерот на овој турнир Тинекс Пролет.

Кај дамите во полуфиналето се сретнаа ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар, а минатогодишниот шампион ЖРК Металург ќе игра против ЖРК Куманово.

Купот оваа година ќе се одигра во Охрид од 11. до 13. мај. На 11. мај се двете полуфинални меча во машка конкуренција, додека ден подоцна се закажани женските. Финалните средби кај мажите и жените се закажани за 13. мај (сабота).

Се вчитува...