Јунајтед ќе има ограничен буџет летово

Манчестер Јунајтед ќе може да потроши само околу 100 милиони фунти за нови играчи следното лето под моменталната финансиска ситуација, пишува престижниот „Атлетик“.

Причина за тоа се ограничувањата на клубот за финансискиот фер-плеј и не многу добрата политика во однос на продажбата на играчи во последните години. Минатата сезона тие потрошија повеќе од 200 милиони фунти на „Олд Трафорд“ за поддршка на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, но тоа нема да биде возможно повторно, под моменталната финансиска ситуација, па дури и со промена на сопственикот.

Евентуалното доаѓање на нови сопственици со себе носи и подготвеност на две групи, кои се фаворити да ја преземат контролата врз клубот доколку една од нивните понуди биде прифатена од семејството Глејзер, да го расчистат тековниот долг, што е можност за зголемување на можностите за трошење и поголема флексибилност. Сепак, „Атлетик“ додава дека најдобар и најсигурен начин да се подигне трансфер буџетот за претстојниот прозорец би било да се продаваат играчи.

Меѓу оние кои се истакнуваат како непотребни се и неколку сериозни имиња, кои веројатно би можеле да предизвикаат интерес кај други клубови. Сепак, високите плати на овие играчи се сериозна пречка при склучување посериозни зделки. Разни медиуми во Велика Британија тврдат дека Манчестер Јунајтед летово би можел да остане без најмалку десет фудбалери.

Се вчитува...