„Гробари“: Нема да навиваме во првото полувреме против Реал Мадрид

Кошаркарите на Партизан вечерва ќе го пречекаат  Реал Мадрид во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата.

„Црно-белите“ моментално водат со 2-1 во победи, откако славеа на првите два меча во Мадрид, додека пред два дена беа поразени во преполната „Старк Арена“ .

Поради трагедијата што се случи вчера во Белград, навивачите на Партизан испратија известување до сите кои ќе бидат во „Штарк Арен“а. Порачаа дека во првото полувреме нема да има организирано навивање.

„Достоинствено ќе го проследиме денешниот натпревар согласно трагедијата што ја погоди нашата земја. Веруваме дека на никој не му е до песна и претерано славење, што во овој момент би било крајно невкусно. Според тоа, решивме првото полувреме да помине без организирано навивање. Свесни за трагичниот момент за нашата нација и важноста на мечот за нашиот клуб, ќе се обидеме да најдеме средина. Да ја наполниме Арената до последното столче, да бидеме со играчите и клубот и да ја покажеме нашата почит кон невините жртви. Ги замолуваме сите кои сакаат и умеат да донесат цвет. Имајќи предвид дека на почетокот нема да има препознатлива песна, сите ќе го дочекаме почетокот во целосна тишина со кренати шалови и цвеќиња. Со оваа слика сакаме да им изразиме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагедијата. Достоинствено и почесно затоа што сме Партизан“, стои во соопштението на Гробари.

Се вчитува...