Сирени за воздушен напад прекинаа меч во Украина, македонски играч е на клупата за резерви

Натпреарот од 24. коло во украинскиот шампионат меѓу Ворскла Полтава и Динамо Киев кој се игра во Полтава, е прекинат во 82. минута откако се огласија сирените за воздушен напад, јавуваат медиумите во Украина.

На клупата на Динамо Киев се наоѓа и младиот македонски фудбалер Решат Рамадани. Според протоколите, доколку има предупредување за воздушен напад, тогаш веднаш играчите се евакуираат во соблекувалните, додека не мине опасноста, а потоа се враќаат на теренот.

Претходно беа прекинати уште неколку натпревари во Првата лига во Украина поради воздушни напади од страна на Русија. Во моментот на прекинот, резултатот беше 1:2 за Динамо.

Се вчитува...