Францускиот првак ПСЖ, одлучи да ги засили денеска мерките за безбедност пред тренинг центарот и домовите на дел од своите најплатени играчи, Нејмар, Лионел Меси и Марко Верати, по протестите на фановите.
Во средата пред клупските простории се собраа неколку стотина навивачи на ПСЖ за да изразат незадоволство од резултатите на тимот, навредувајќи ги играчите како и тренерот Кристоф Галтие. ПСЖ во својата реакција го осуди настанот.
Незадоволството на навивачите ескалираше по неделниот пораз на ПСЖ на домашен терен од Лориен со 3-1. Навивачите го осудија однесувањето на Меси, кој е суспендиран на две недели поради ненајавено заминување во Саудиска Арабија. Фановите денеска протестираа пред домот на Нејмар, и побараа да го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА