Боели: Челси ни е долгорочен проект, учиме и ќе најдеме решение да успееме

Ерата на Тод Боели во Челси не започна онака како што се очекуваше. И покрај слабите резултати, првиот човек на клубот не изгледа загрижен за моментална ситуација во „сините“, кои се во катастрофална форма, и покрај тоа што беа потрошени многу пари во зимскиот преоден рок.

Боели кажа дека Челси му е долгорочен проект и дека се уште учи, и дека ќе се најде решение клубот да успее и да биде најдобар.

„Фудбалот е глобален спорт, и за разлика од САД, тука нема синдикати. Во фудбалот во секоја земја има пазар за најсилните фудбалери и секој е различен. Јасно е дека треба да се изгради тимот и да се постави тренер кој ќе ги води. Мислам дека научивме многу. Навивачите сакаат победи, скаме и ние. За нас е ова долгорочен проект. Навистина веруваме дека ќе најдеме решение и дека ќе успееме. Ние сме во најсилната лига во светот, и во врвниот град и клубот се наоѓа на неверојатно место во овој град“, изјави Боели.

Се вчитува...