Поранешен репрезентативец на Франција доби три години затвор

Поранешниот француски репрезентативец Тони Верел, е осуден на три години затвор од Судот во Нанси. Тешката казна за екс-фудбалерот и неговите тројца браќа е поради насилство во еден диско клуб во 2011 година.

Верел и неговите браќа беа обвинети дека отвориле оган и раниле вработени во фискотеката во областа Есе-ле-Нанси. Поранешниот фудбалер секогаш на судењата се изнаснуваше како невин.

Обвинителството докажа дека куршумите биле испукани од Верел и од неговите браќа, кои биле во кавга со браќата Ди Наполи. Семејството Верел не успеа да го убеди обвинителството дека непознато лице пукало во нивна одбрана.

Верел играше за Нанси, Олимпик Лион, Бордо, Бастија, Ленс и Лирс. За Франција има осум настапи и еден гол.

Се вчитува...