Кошаркарите на Работнички го добија вториот натпревар во четвртфиналната плеј-оф серија со Гостивар, и успеаја да израмнат на 1-1. За овој катастрофален пораз на Гостивар (80-53), голем придонес има катастрофалниот шут на гостите, кои имаа неверојатни промашувања за три поени од 19 обиди. Дури во 20-тиот обид Гостиварци го постигнаа првиот кош за тројка, а на крајот го завршија со биланс 1/23 во шутот за три поени.
Работнички уште по првиот дел го голема мера го реши прашањето околу победникот, со оглед дека првите две четвртини ги доби убедливо со 10 и 12 поени разлика, за +22 на полувремето. Домашните кошаркари го добија и третиот период со 20-16, а тоа значеше и предвреме обезбедена победа на овој дуел.
Џелетовиќ со 18 поени беше најефикасен на средбата. Митевски кај гостивар не можеше се сам, и постигна 15 поени.
Сега ќе има мајсторка која ќе се игра во Гостивар, каде што Гостиварци немаат ниту еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

