Елмас е стартер во мечот за титула на Наполи

Елиф Елмас ја доби довербата на Лучијано Спалети, па македонскиот „дијамант“ ќе се појави меѓу стартните единаесетмина на Наполи на вечерашниот дуел против Удинезе. „Наполитанците“ вечерва ја имаат втората „меч топка“ за титула откако пред неколку дена не успеаја да ја совладаат Салернитана, но вечерва им е доволен само бод на „Фриули“ за по повеќе од три децении да го вратат шампионското скудето во Неапол.

Спалети реши да му даде шанса на Елмас, кој ќе настапи во навалното трио заедно со незаменливите Осимен и Квараскелија, добивајќи предност пред Лозано и Распадори.

На спротивната страна стартер за Удинезе повторно ќе биде Илија Несторовски, за кого ова ќе биде втор меч во низа како предводник на нападот на „фриулијаните“.

Се вчитува...