Фудбалерите на Наполи по пауза од 33 години стигнаа до титулата во италијанската Серија А откако синоќа на гостувањето кај Удинезе одиграа 1-1. По завршувањето на мечот почна големо славје на улиците на Неапол, кое како и во многу други случаи низ светот на крајот прерасна во трагедија.
Навивачите на „аѕурите“ цела ноќ славеа низ улиците на главниот град на Кампанија за третата титула во историјата на наполитанскиот клуб.
За време на прославата, пак, имаше и повредени навивачи и еден загинат. Всушност, еден од четворицата повредени во Неапол од истрели од огнено оружје почина. Ова го потврди и полицијата во Неапол. Станува збор за 26-годишен млад човек кој бил хоспитализиран во болницата Кардарели во тешка состојба каде подлегнал на повредите.
Полицијата го истражува целиот случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА