Еден од најдобрите македонски кошаркарски стратези Јорданчо Давитков го напушти кормилото на Струмица и се врати да работи во Кувајт, земја во која помина голем дел од тренерската кариера.
Откако не успеа да и помогне на Струмица да обезбеди опстанок во Првата лига, искусниот стратег потпиша договор со кувајската Квадсија.
Ова е трет пат Давитков да го преземе кормилото на овој тим, а во претходните два наврати тој успеваше да стигне да освои трофеи.
Во периодот од 2008 до 2011 година беше трикратен шампион на Кувајт, а двапати го освојуваше и националниот куп. Во вториот мандат во периодот од 2018 до 2020 година тој исто така стигна до титулата во националното првенство.
Покрај Струмица и Квадсија, Давитков во кариерата ги водеше и: Никол Ферт, Поло Трејд, Балкан Стил, Неметали Огражден, Работнички, Снаефил, Ал Кадсија, а работеше и како селектор на Македонија во два наврати и Кувајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА