Реал Мадрид и Партизан играат фантастична четвртфинална серија за пласман на завршницата на Евролигата. По двете победи на „црно-белите“ во Мадрид, „кралевите“ забележаа две победи во Белград со што издејствуваа „мајсторка“ која ќе биде запишана во историјата на најсилното европско кошаркарско првенство без разлика на победникот.
Со победа Реал Мадрид ќе стане првиот тим во историјата кој успеал негативата од 2-0 да ја претвори во билет на „фајнл-фор“ турнирот, додека ново славје на Партизан во главниот град на Шпанија ќе донесе историски триумф за гостинска екипа во одлучувачкиот петти натпревар и ќе стави крај на низа од 15 вакви натпревари кои им припаѓале на домаќините.
Интересно, до историја може да стигне и Макаби кој во петтиот натпревар од серијата со Монако ќе гостува во Кнежеството. Двата натпревари ќе бидат одиграни на 10-ти мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА