Неапол синоќа беше во шампионска еуфорија, откако Наполи со бодот од Удине ја обезбеди титулата во Серија „А“. Радоста беше засенета со трагична смрт на еден навивачи, и преку 200 повредени во прославата на титулата, прва после 30 години чекање.
Во текот на прославата починал 26-годишен маж, јавува италијанската новинска агенција АНСА и се наведува дека тој бил еден од четирите ранети во пукање со огнено оружје. Според „Кориере дела Сера“, и натаму е непознато дали пукањето било дел од прославата на титулата, или се случило во одделен настан.
Уште 200 лица биле повредени во текот на славјето. Од рана со нож до повреди предизвикани од пиротехника и вдишување на чад од чад од факели.
Во Неапол се подготвува нова прослава во недела, кога Наполи ќе игра на домашен терен против Фиорентина. Се очекува полн стадион, но да има и неколку десетици илјади и надвор од стадионот како и на улиците каде ќе се слави овој огромен успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

