Замената за Роналдо во Јунајтед заминува неславно по само шест месеци

Манчестер Јунајтед нема да го продолжи договорот со Вут Вегорст, наведуваат англиските медиуми. Напаѓачот кој стигна како замена за Кристијано Роналдо, постигна само два гола во 26 меча за тимот од Олд Трафорд. Тој од Бешикташ минатата зима стигна на „Олд Трафорд“, но не се прослави.

Вегорст беше стартер во првите 19 меча по доаѓањето во Јунајтед, а подоцна испадна од составот. Во 13 меча за клубот во мечевите од Премиерлигата не успеа да постигне ниту еден гол.

Ова значи дека и дефинитивно Јунајтед ќе бара ново решение во нападот. Засега се споменуваат Хари Кејн и Виктор Осимен.

Се вчитува...