Почина легендарниот тренер на Депортиво Ла Коруња, му беше тренер и на Цапар

Шпанскиот фудбал е завиен во црно по веста за смртта на легендарниот тренер на Депортиво Ла Коруња и на Реал Мадрид, Арсенио Иглесијас. Тој почина на 92-годишна возраст во Ла Коруња.

Тој беше тренер на Депортиво долго време, и успеа тимот да го внесе во Првата лига. Неговите успеси во овој клуб го донесоа дури до Реал Мадрид во 1996 година.

Арсенио ќе биде запаметен кога ја водеше славната генерација на Депортиво, предводена од Бебето, и промашениот пенал, по што титулата замина во Барселона. Подоцна Иглесиас кажа дека тоа му бил најлошиот момент во неговата кариера, и нешто што се случува само во филмовите.

Иглесијас беше во Депортиво од 1970 до 1973, а потоа и во перидот 1982-1985, па во 1988-1995 кога дел од овој тим беше и Драган Канатларовски – Цапар. Сегашниот селектор на младата селекција од 1990 до 1992 година го носеше дресот на Депортиво.

Се вчитува...