Реал ослабен за „мајсторката“ со Партизан: Габриел Дек ги скина лигаментите

Кошаркарите на Реал Мадрид без Габриел Дек на петтиот натпревар против Партизан, ќе се борат за влез во Ф4 во Евролигата во Каунас. Аргентинецот на четвртиот меч во Белград ги скина лигаментите, откако беше во дуел со Зек Ледеј, кој се обиде да му ја украде топката.

Тоа ќе биде дополнителен удар за „кралевите“ во одлучувачкиот меч за пласман на завршницата во Евролигата.

„Никогаш не сум го видел да плаче“, рече Марио Хезоња, неговиот соиграч.

Дек беше изнесен со помош на своите соиграчи од салата во Белград, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колкава пауза ќе го чека. Но, сигурно е дека ќе го нема до крајот на сезоната.

Се вчитува...