„Фала му на Дончиќ, но ние ќе ги платиме погребите за жртвите“

Лука Дончиќ собра бројни симпатии со објавата дека е подготвен да ги покрие финансиските трошоци околу погребите на жртвите во страшната трагедија во белградското основно училиште.

Сепак, словенечкиот кошаркар нема да мора да го стори тоа откако денеска со соопштение се јавија од Град Белград, обелоденувајќи дека тие веќе ја почнале целокупната организација и ќе ги покријат сите трошоци околу погребите на деветте жртви.

„Град Белград сака јавно да се заблагодари на семејството на Лука Дончиќ на изразеното сочувство и на јавно изразената желба да ги покрие трошоци околу погребите на починатите ученици од „Владислав Рибникар“. Сепак, Град Белград, од моментот кога нашиот Градоначалник најави секаква помош на семејствата на настраданите, е во контакт со сите нив и една од првите работи што ги договоривме е ние да ги покриеме сите трошоци и организацијата на погребите. Надлежните служби веќе ги договораат сите детали“, се вели во соопштението на Град Белград.

Се вчитува...