Голманот Уго Љорис превреме ја заврши сезоната во дресот на Тотенхем, по незгодната повреда што ја заработи во катастрофалното прво полувреме против Њукасл во кое Французинот прими пет погодоци во првите дваесет минути. Ветеранот беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња, оттогаш не се појави повеќе на голот на Тотенхем, а новите деталски прегледи донесоа разочарувачки вести за „спарси“.
„Ги чекавме резултатите и многу се разочаравме кога пристигнаа. Љорис нема да може да се врати до крајот на сезонава, нема никакви шанси за такво нешто“, изјави стратегот Рајан Мејсон.
Ова многу лесно може да значи и крај на 12-годишната авантура на францускиот голман во Тотенхем, по честите најави дека тој е подготвен да си замине од лондонскиот клуб на крајот од сезонава.
„Не сакам да влегувам во дискусии за наредната сезона. Она што можам да го кажам е дека Љорис како капитен ни е потребен сега, но за жал не можеме да сметаме на неговите услуги“, истакна Мејсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

