Македонската фудбалска легенда Горан Пандев повеќе не е сопственик на прволигашот Академија Пандев, откако продаде мнозински пакет од клупските акции. Информацијата прв ја пренесе порталот „Фактор“, обелоденувајќи дека преку Македонска Берза биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев.
Вкупната вредност на трансакцијата изнесува нешто повеќе од 37 милиони денати или околу 603.000 евра. Ако се знае дека при формирањето на ФК Академија Пандев беа издадени вкупно 2.500 акции, јасно е дека се продадени 90% од вкупните акции во клубот, а Горан Пандев останува малцински сопственик со 10% од акциите во струмичкиот прволигаш.
Иако се уште нема конкретна информација кој е купецот на акциите, се очекува тоа да биде италијанската компанија „Брера Холдинг“, која во минатиот период најавуваше блиска соработка со Пандев. Оваа компанија неодамна излее на берзата во Њујорк и собра значаен капитал, обврзувајќи се дел од тие пари да ги инвестира во клубови ширум светот, меѓу нив и во Македонија преку Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА