Легенда на ПСЖ „распали“ по Меси: „Која е твојата работа? Само да земаш пари, и ништо друго!?“

По бројните полемики во француската спортска јавност, Лионел Меси денеска преку Инстаграм упати јавно извинување за неговото заминување во Саудиска Арабија, но тоа не му се допадна на поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен.

„Тој вели дека им се извинува на соиграчите и менаџерите, но не и на навивачите, како ни за сликата која ја испрати. Не го разбирам кога вели дека не можел да го одложи патувањето. Пронајде изговор. Се извинува, но наоѓа изговори. Што е твојата работа? Да се покажеш и добиеш многу пари? Или да играш фудбал и да го претставуваш ПСЖ“ – истакна Ротен.

Меси, како што е познато, по поразот на ПСЖ од Лориен отпатува за Саудиска Арбаија, без дозвола од клубот и поради тоа беше казнет. Во Саудиска Арабија замина како официјално би потпишал договор за туристички амбасадор на таа земја.

Се вчитува...