„Елмас е џокерот на Спалети, летово половина Европа ќе го бара“

Фудбалерите на Наполи по пауза од 33 години стигнаа до титулата во италијанската Серија А, а македонскиот интернационалец Елјиф Елмас стана вториот фудбалер од нашата земја по Горан Пандев кој го достигна италијанскиот фудбалски Олимп.

Италијанските медиуми ја анализираат шампионската сезона на Наполи, а „тутомеркато“ се осврна и за нашиот „Дијамант“ за кого пишува дека летово половина Европа ќе биде заинтересирана за неговите услуги.

„Македонецот е џокер на Спалети, зашто го гледавме како фудбалер за врска, како офанзивен фудбалер за врска, како крило, еднаш и центарфор… И секојпат тој успеваше да ги надмине очекувањата, посебно во делот на постојаност и во настапите. Неговата последна асистенција за голот на Распадори против Јувентус ја покажа сета негова разновидност и неговата вистинска вредност. Елмас заслужи постојано да игра, а летово ќе биде важно пред него, зашто се повеќе ја добива важноста на шаховската табла на Наполи, но јасно е дека не може постојано да биде алтернатива. Природно е да го земе местото на Пјотр Зиелински, како наследник зашто не ја знаеме иднината на Полјакот, но веќе постојат најави дека пола Европа и најголемите во Серија А ќе сакаат да го земат Елмас. Елјиф отсекогаш велел дека сака да игра за Наполи, за тимот на лидерите Спалети и Ди Лоренцо“, пишува италијанскиот „Тутомеркато“. 

Се вчитува...