Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречекаат најголемиот ривал и актуелен шампион Вардар во натпреварот кој директно ќе одлучува за титулата во Суперлигата.
Исто како и минатата сезона мечот во Битола ќе го даде новиот ракометен шампион на Македонија. Минатата сезона скопскиот тим успеа да го освои „Боро Чурлевски“ и да стигне до нов трофеј, а во првиот меч сезонава на домашен терен во „Јане Сандански“ славеше со убедливи 31-24.
Сепак, избраниците на Владо Недановски потрфрлија на гостувањето кај Алкалоид и место заверка на титулата и со пораз до седум голови разлика, вечерва во Битола ќе мора да одат најмалку на реми.
За потсетување картите за денешниот меч беа продадени за рекордно време од 17 минути, а поради најавениот бојкот, навивачката група „Чкембари“ објави дека ќе навива од пред салата.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА