Како Ронадло стана предавник: Стигна како „крал“, а заминa како лопов

Роналдо Назарио важи за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Роналдо е многу веројатно единствениот фудбалер кој играл за Барселона, Реал Мадрид, Милан и Интер и е подеднакво ценет и почитуван од мнозинството навивачи на четирите европски гиганти, што доволно говори за неговите играчки квалитети.

Тој пристигна во Европа во 1994 година кога потпиша за ПСВ Ајндховен, по што следеше трансфер во Барселона, а на „Камп ноу“ остана само една година кога се пресели во Интер во 1997 година за тогаш рекордни 26,5 милиони евра.

Во клубот од Милано ја освои Златната топка, стекна светска слава, а притоа заработи огромни пари. Неговата неделна плата изнесуваше неверојатни за тоа време 150.000 долари.

Сепак, разделбата со Интер не беше толку убава, поради што славниот бразилски напаѓач со право го носи епитетот на една од најголемите продадени души во историјата на фудбалот.

За пет години на „Џузепе Меаца“ Роналдо беше надвор од  терените дури 33 месеци. Додека лекарите се обидуваа да го опорават, тој редовно земаше висока плата и се врати на Светското првенство во 2002 година со голем стил кога стана светски шампион со Бразил.

Набрзо следеше големо предавство. Додека Роналдо и неговиот менаџер го убедуваа Масимо Морати дека ништо нема да биде од заминувањето во Реал Мадрид, 22 дена по Мундијалот следеше трансфер кај „кралевите“, а поранешниот сопственик на Интер остана шокиран.

„Ова е последен испад во фудбалскиот свет без морални вредности. Пристигна како крал. Заминува како лопо“, изјави тогаш Морати.

Роналдо отиде во Реал за 45 милиони евра, а речиси пет години подоцна потпиша за најголемиот ривал на Интер, Милан.

„Се враќа на погрешната страна на градот. Не е убаво. Ваков трансфер може да се случи во денешниот фудбал, но признавам дека не ми се допаѓа. Се надевав дека преговорите ќе пропаднат. Се е апсурдно“, изјави Морати по трансферот на Роналдо кај Росонерите.

Се вчитува...