Здружението на тениски професионалци (АТП) донесе одлука да ја укине функцијата линиски судии од 2025 година.
Линиските судии ќе бидат заменети со видео технологија која ќе го следи движењето на топките и ќе сигнализира кога топката ќе заврши надвор од полето.
Претседателот на АТП Андреа Гауденци смета дека оваа одлука е технолошки напредок.
„Ова е историски момент за нашиот спорт, до кој дојдовме по внимателно разгледување. Традицијата е во срцето на тенисот, а линиските судии играа важна улога во претходните години. Сепак, ние имаме одговорност да ги прифатиме иновациите и новите технологии. Нашиот спорт ја заслужува најпрецизната форма на судење што можеме да ја воведеме во текот на нашата сезона во 2025 година“, изјави Гауденци за веб-страницата на АТП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

