Тотенхем го одбра тренерот кој ќе го води тимот во новата сезона

Поранешниот тренер на Баерн Минхел, Јулијан Нагелсман е на прагот да премине во Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.

Нагелсман, кој ненадејно доби отказ од Баерн по скандалот околу неговото ненајавено скијање, бара нов клуб.

Долго време се споменуваше како прв кандидат за наследник на Греам Потер на клупата на Челси, но младиот германски стратег очигледно не беше премногу импресиониран од проектот на „сините“ и реши да ги прекине преговорите.

Сепак, се чини дека неговиот следен ангажман би можел да биде во Лондон, но не на западната, туку на северната страна на англиската метропола. Тотенхем е уште еден во низата англиски гиганти кои минуваат низ турбулентен период оваа сезона. Антонио Конте неодамна доби отказ, а сопственикот Даниел Леви сериозно е заинтересиран за Нагелсман.

Преговорите меѓу Леви и Нагелсман се веќе во завршна фаза, а Германецот според се би требало да стане нов тренер на Тотенхем следната сезона.

Се вчитува...