Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг има листа од шест фудбалери од кои треба да се избере кој ќе биде напаѓач на „црвените-ѓаволи“ следната сезона.
Минатата сезона Кристијано Роналдо играше во врвот на нападот на Манчестер Јунајтед, а по неговото неочекувано заминување, „црвените ѓаволи“ останаа без класичен напаѓач, што очигледно е голем проблем.
Клубот се обиде да го реши со доаѓањето на Вут Вегхорст на позајмица, но јасно е дека Холанѓанецот не може да го исполни очекуваното. На „Олд Трафорд“ се свесни дека на лето мора да доведат барем еден напаѓач и се чини дека тоа ќе им биде приоритет.
Во последно време многу се шпекулира кој би можел да пристигне на „Театарот на соништата“ ова лето, а неколку имиња се поврзуваат со Манчестер Јунајтед.
„Мирор“ пишува дека имињата на шест напаѓачи се на листата на желби на англискиот великан и дека еден од нив речиси сигурно летово ќе потпише за Јунајтед.
На таа листа се Виктор Осимен (Наполи), Рендал Коло Муани (Ајнтрахт Франкфурт), Расмус Хојлунд (Аталанта), Хари Кејн (Тотенхем), Гонсало Рамо (Бенфика) и Мохамед Кудус (Ајакс).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

