Мини-баскет турнир на КК Работнички (фото)

Младинската школа на КК Работники полека, но сигурно го враќа посакуваниот сјај, младинските екипи бележат добри резултати, а денеска во салата „Градски Парк“ беше организиран и турнир во мини-баскет за оние најмлади членови на „центарци“.

Четири школи од основни училишта ширум Скопје беа дел од овој настан, за кој главниот спонзор на Работнички на крајот им подели и пригодни подароци на учесниците.

Се вчитува...