Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг направија голем чекор напред во борбата за Лигата на шампионите, откако во дербито на 31. коло славеа на гостински терен кај Фрајбург со минимални 0-1.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 73. минута кога Кампл го постигна погодокот вреден три бода. Унион Берлин изненадувачки загуби на гостувањето кај Аугзбург со 1-0.
Augsburg [1] – 0 Union Berlin – Dion Drena Beljo nice volley 53′
by u/TheConundrum98 in soccer
Во дербито за опстанок Херта Берлин некако ги задржува шансите за останување во елитата откако на домашен терен славеше против Штутгарт со 2-1.
БУНДЕСЛИГА 31. КОЛО:
Аугзбург – У. Берлин 1-0
Борусија М. – Бохум 2-0
Фрајбург – Лајпциг 0-1
Херта – Штутгарт 2-1
Хофенхајм – Ајнтрахт Ф. 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА