Ракометарите на Алкалоид стигнаа до нова победа во Суперлигата откако денеска славеа на гостувањето во „малото скопско дерби“ кај Бутел со 20-22.
Домаќините добро го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од 3-0. Сепак, како одминуваше првото полувреме избраниците на Кирил Лазаров се подобро играа и на пауза успеаја да заминат со предност од два гола 9-11.
Во второто полувреме успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 20-22. Мартин Серафимов со седум погодоци беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Филип Николов исто така заврши со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА