Баерн го совлада Вердер и направи чекор поблиску до титулата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до нова тешка победа во германската Бундеслига откако во 31. коло славеа на гостувањето кај Вердер Бреме со 0-2.

Како и во претходните натпревари, избраниците на Томас Тухел еден час се мачеа да го урнат отпорот на домаќинот, а водство за Баварците од 0-1 донесе Гнабри дури во 62. минута од натпреварот. На 0-2 зголеми Сане во 73. минута, додека до крајот домаќините намалија на 1-2 преку Шмид во 87. минута.

Со овој триумф Баерн побегна на плус четири пред Борусија Дортмунд, која својот меч од 31. рунда го игра утре против Волфзбург.

Werder Bremen 0 – [2] Bayern Munich – Leroy Sané 72’
by u/Golovking in soccer

 

 

Се вчитува...