Сабалјенка преку Швјонтек до нова титула во Мадрид

Арина Сабалјенка стигна до својата втора титула на мастерсот во Мадрид откако денеска во супер меч во финалето славеше против Полјачката Ига Швјонтек со 2-1 по сетови 6-3, 3-6 и 6-3.

Првиот сет успеа да го освои Белорусинката со 6-3 и да поведе со 1-0. Во вториот сет по голема борба на ист начин успеа да возврати првата тенисерка во светот, додека и третиот сет заврши со 6-3, но во корист за Сабалјенка.

Ова за Белорусинката е втора титула во Мадрид, откако претходно славеше на истиот турнир во 2021 година.

Се вчитува...