Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Крстовски беше херој на својата Слога во победата на гостувањето кај Тузла од 1-2.
Крстовски беше стрелец за првиот гол на својот тим, а асистираше на вториот. По мечот тој вели дека овој дуел веројатно им донесе опстанок во првата лига на Босна и Херцеговина.
„Голема победа денеска. Мислиме дека речиси сигурно обезбедивме опстанок, но ќе играме до крај за што повеќе бодови. Мило ми е за голот и асистенцијата, му помогнав на тимот да дојде до три важни поени“, изјави Крстовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА