Вест Хем ги олади заинтересираните: За Рајс бара 100 милиони фунти

Тимот на Вест Хем нема намера да ја намали цената за Деклан Рајс престојното лето. 24-годишниот фудбалер од средниот ред е посакуван од неколку клуба во Премиерлигата, но тие ќе се оладат после цената која ја одреди неговиот тим. Вест Хем за него бара 100 милиони фунти, што е премногу за другите клубови.

Во моментов се смета дека на чело на заинтерсираните клубови е Арсенал. Артета е љубител на играта на Рајс и смета дека со неговиот ангажман ќе ја стабилизира играта во средниот ред. Доколку не успее со Рајс, ќе проба со Кајседо и Онана.

Манчестер Јунајтед и Челси исто така имаат сериозен интерес кон овој играч, а Сити и Ливерпул исто така внимателно ја следат ситуацијата. Вест Хем се надева дека некој од овие клубови ќе го „одврзе кесето“ и ќе ја плати бараната сума за потписот на англискиот репрезентативец.

Се вчитува...