Инзаги: Ние сме Интер, и ќе се бориме на сите полиња

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е задоволен после победата над Рома со 2-0. Тој призна дека очекувал ваков тежок натпревар, но искажа задоволство од играта на неговите играчи.

Интер со оваа победа остана во трка за првите четири места кои носат во Лигата на шампионите, а сега Интер го чека дуел со Милан во полуфиналето во ЛШ.

„Очекувавме многу тежок натпревар со противник кој не ви дава многу простор, особено на нивен терен. Сите играчи заслужуваат честитки за тоа што го прават од 1. април. И оние кои ги почнуваат мечевите, и оние кои влегуваат од клупата, дури и тие што не може да играат, вложуваме многу труд затоа што ние сме Интер и ќе се бориме на сите полиња, иако знаеме дека ќе биде тешко да се играат толку многу натпревари за краток период“, рече Инзаги.

Се вчитува...