Мурињо во свој стил: Ме радува тоа што ме нападна човек кој доби забрана поради обложување!

Рома вчера беше поразена од Интер на свој терен со 0-2, и така „волчицата“ си ги намали шансите преку Серија А да се бори за пласман во Лигата на шампионите, но има можност преку лигата на Европа.

Жозе Мурињо, тренерот на Рома го коментираше поразот со тоа што го нападна претседателот на Здружението на италијански тренери Ренцо Уливери. Уливери го бранеше судијата Даниеле Чифи, кој ја делеше правдата на мечот Рома – Монца, а Мурињо не му остана должен.

„Ме радува тоа што ме нападна човек кој доби забрана за играње од три години поради обложување на фудбал. Довидување!“, коментираше Мурињо.

Мурињо после мечот со Монца кажа дека „тоа е најлошиот судија кој некогаш го видел“, што наиде на многу реакции од челните луѓе на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...